Виенски Оркестар Кој Свири На Инструменти Направени Од Зеленчук

[fblike]
Zelencukov Orkestar_majkatiitatkoti
Зеленчук Оркестар: Виенски оркестар кој свири
на инструменти  н
аправени од зеленчук
Првиот виенски “Зеленчук Оркестар” (Das Erste Wiener Gemüseorchester) е австриска група на музичари, ликовни уметници, писатели и други уметници кои за своите настапи користат само инструменти направени од свеж зеленчук.
Оркестарот за секоја изведба прави свежи инструменти со користење на садови за готвење и електричен алат, а  суровините воглавно ги купуваат директно од земјоделците со цел секогаш да имаат најквалитетен  зеленчук. Според нивниот веб-сајт, инструментите нема правилно да функционираат, па дури и ќе се скршат ако не се доволно свежи.
Zelencuk-Orkestar_majkatiitatkoti
Она што тие го прават може да изгледа глупо, но тоа за нив е работа. Тие се стремат да произведат музика која не сте ја чуле до сега, а според нивниот веб-сајт, тие се секогаш во потрага по “хетерогено мноштво на акустична драги камења и чудни, непознати звуци, чие органско потекло не е секогаш веднаш препознатливо.”
Ако немате шанса да го видите и чуете “Зеленчук оркестар” во живо, нивните авантури можете да ги следите на Интернет, а во ова видео можете да видите како се подготват за концертот, како и самата изведба.

[youtube height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]https://www.youtube.com/watch?v=hpfYt7vRHuY[/youtube]

 

Посетено 412 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!