Патите ли од „text neck“?

Постојаното користење на мобилните телефони има своја цена која се одразува врз здравјето

Се чини дека стануваме сè поприврзани за нашите мобилни телефони, без да размислуваме за притисокот врз ’рбетот секојпат која го истегнуваме вратот надолу за да напишеме порака или да прочитаме некоја информација.

patite-li-od-text-neck_pharmanews_imageЛошата положба на телото кога пишуваме пораки на мобилниот телефон, популарно се нарекува text neck. Овој термин е конструиран од страна на киропрактичарот Дин Л. Фишман – Dean L. Fishman и се однесува на репетититивна стрес повреда, односно болка во мускулите и нервите предизвикана од повторувачка активност, кога главата е навалена нанапред и надолу, додека се користи мобилниот телефон.

Колку повеќе е свиткан вратот, толку поголема тежина треба да носи. Во зависност од положбата, таа тежина изнесува од 15 до 30 килограми.

Овие податоци се изведени врз основа на истражувања, кои што со споредување на рентген снимки од индивидуи кои што се зависни од мобилните телефони и од оние кои што не го користат телефонот толку често, заклучиле дека постојаното користење на мобилниот телефон има сериозни последици врз ’рбетот и лумбалниот дел (долниот дел на грбот). Овој притисок, со тек на време, може да доведе до оштетување на мускулите на вратот, артритична повреда и искривување на ‘рбетот.

Од оваа состојба се најзасегнати тинејџерите, односно новите генерации, бидејќи тие најмногу го практикуваат овој начин на комуникација.

Посетено 279 пати

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk

Pharmanews.mk е портал кој обработува поширока тематика во доменот на медицина, фармација, исхрана и сл. и е наменет за широка публика која се интересира за своето здравје и исхрана со посебен фокус на медицинските работници.