Велигден
Утринава на прозорец спроти нас
пак се покажа старичката
Се затетерави низ дворот
како детенце кога проодува
и се заниша како гранче чесно дрво
и пак се засолни.
Излегла напролет старичката.
Што ми е убаво на душава,
како Велигден да ми е,
како да воскреснувам.
Анте Поповски
Посетено 756 пати