Вашингтон ја легализира марихуаната: што може а што не

Марихуаната сеуште не е легална и првите продавници за марихуана најверојатно ќе бидат отворени дури после 2016 година. И немој да пушиш на улица!

colorado-cannabis
Вашингтон донесе мнозинска одлука за легализација на марихуаната, но сепак ќе треба да помене некое време за првите продавници за марихуана легално да функционираат спроти Белата Куќа.

Еве преглед за тоа што треба да знаете за марихуаната во главниот град Вашингтон,

Можете да поседувате марихуана

Според изгласаната мера, позната како Предлог 71, на лицата над 21 година им се дозволува да поседуваат до 2 унца(56,699 грама) марихуана за лична употреба. Исто така можете да дадете по 1 унца(28,250 грама) на пријател или на член од семејството, само ако тие имаат над 21 година. Можете да одгледувате до шест стебла марихуана и да имате опрема за одгледување и конзумирање.

Но, не смеете да продавате

Легализацијата не значи дека смеете да купувате или продавате марихуана. Советот на Вашингтон охрабри дека ќе се донесе закон за регулација на продажбата на марихуана, но ќе биде потребно извесно време. Односно, се очекува првите продавници за марихуана да се отворат после 2016 година. Процедурата ќе се забрза доколку некои од градските дрогерии на медицинска марихуана започнат да продаваат марихуана.

Тревката сеуште не е легална

Новиот закон не стапи на сила веднаш. Најпрво ќе оди на триесет дневен преглед на Конгресот, почнувајќи во јануари. Теоретски, новите републички контроли на Конгресот можат да се обидат да ја запрат легализацијата на марихуана во Вашингтон, но тоа е малку веројатно. Доколку никој не се обиде да ја спречи легализацијата, новиот закон ќе стапи во сила некаде околу април.

Не смеете да пушите на улица

Овој закон не дозволува да се пуши во јавност, слично како и забраната за отворени алкохолни пијалоци на јавни места. Марихуаната нема да биде легална во деловите на Вашингтон кои се контролирани од федералните власти, на пример националните паркови или околу парламентот на Соединетите Американски Држави.

Подджувачите на ‘легалната тревка’ со голема предност

Околу 65% ог гласачите го поддржале Предлогот 71, споредбено со 28% кои се спротивставиле на оваа иницијатива.” Тоа е повеќе од убедливо водство,- тоа е концензус”, вели Adam Eidinger, кој ја предводеше кампањата за легализација.
Оваа кампања повеќе беше наменета за кривичната правда отколку за ентузијазмот за марихуана.

Во Вашингтон каде што половина од населението се црнци, случајот за канабисот е наменет за расната правда.

Застапници на легални продавници за марихуана тврдат дека постојните закони несразмерно се применуваат особено кон младите црнци кои намерно се посочувани пред полициските службеници. Во 2010 година, 91% од уапсените во Вашингтон поради дрога биле црнци. Три-четвртини од граѓанските казни за употреба на марихуана биле во населбите во градот каде што живее црнечко население.

“Оваа победа им ја посветуваме на луѓето кои во моментот се во затвор заради поседување или употреба на марихуана.” Сите треба да бидат помилувани и пуштени на слобода.

Посетено 669 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!