Никогаш на ниту еден партиски митинг
На 14.06.2013. за првпат во животов мој бев дел
од група убави, градски луѓе, кои од естетски
побуди, споени во жив синџир (статично оро)
симбилично го гушкаа ГТЦ.
Се почувствував горд, викав и скандирав,
ме понесе искреноста, добрите вибрации
на различните генерации скопјани
кои му рекоа НЕ на невкусот.
Без умисла, партиска позадина,
без мирис на овчоина.
Содржината на денешниот Трговскиот центар
веќе не ми е толку блиска.
Ванила, Кино Центар, Драгстор,
Париз на Васе Урдин, се дел од моите
дамнешни гимназиски денови.
Но овде станува збор за уништување
на потврдено уметничко дело –
ко да прецртуваат слика на Кондовски.
До скоро жалев, но сега сум среќен,
што Сиднеј Опера Хаус
не е изградена во Скопје.
Посетено 1.190 пати