ТАЊА БАЛЕВСКА СЕКОВСКА
Денот ми почнува со милите ми мои деца со кои брзо се спремаме за на училиште и заглавуваме кај геловите и парфемите од тато. Убавиот момент е возењето кон училиштето, разговорите и гушкањето преку седишта од кола. Е сега следи најубавиот дел, прекрасното топло нескафе со две лажици шеќер(тулумба) и тие 10 минути се само за мене и сопругот мој. кои ни траат со часови. Потоа го грабнувам точакот(барем до крај на септември, возам до Влае, кај што ме чека уште едно топло нескафе во дворот кај сестра ми. Таму кафето го пијам со саати. И нормално кафето не би било убаво доколку не го пиете со драги луѓе. Имајте пријатен ден.
Посетено 1.382 пати