10 искрени и среќни работи во животот кои не можат да се купат со пари

10 iskreni i srekni raboti_majkatiitatkoti

Парите го вртат светот. Но токму оние нешта што не можат да се купат со пари му даваат вредност на светот и на животот кој го имаме.

Постои огромна разлика помеѓу вредноста и паричната вредност. За жал, многу луѓе ги поистоветуваат овие поими и го поминуваат целиот свој животен век во потрага по вистината.

Животот е неверојатен онаков каков што е бидејќи секој човек во светот е способен да достигне се за што може да сонува.

Ако имате желба да направите нешто, тогаш ќе најдете начин да го остварите истото. Само треба да сте сигурни дека вреди да се борите.

Последното нешто што ви треба е да пристигнете на вашата дестинација и да сфатите дека сте на погрешни кооординати.

Вистински пријателства

Пријателството е едно од највредните нешта во светот. Врските кои се засноваат на меѓусебно почитување се единствените нешта кои му овозможуваат на општеството да функционира толку добро, впрочем како што и повеќето функционираат.

Пријателството се заснова на доверба, бидејќи без доверба не може да постои здраво функционирање во општеството.

Освен тоа, добрите пријатели во вашиот живот придонесуваат за подобар живот.

Пријателствата имаат улога на систем на поддршка- ако работите тргнат на лошо имате кого да повикате. Дури и ако не сакате да ги вознемирувате вашите пријатели и да барате поддршка од нив, самото тоа што знаете дека ја имате нивната поддршка ќе ве направи посигурни и посмели во вашите лични настојувања.


Семејни врски

Не можете да ставите етикета со цена на семејството. Иако можеби поголем дел од времето ви се здодевни, сепак вистината е дека тие ќе останат да ви го чуваат грбот дури и кога целиот свет ќе се сврти против вас.

Членовите од семејството се еден вид на загарантирани пријатели кои ќе ви помогнат кога ќе побарате помош.

Пријателите доаѓаат и си заминуваат, но семејството е тука за да остане. Во зависност од меѓусебните односи кои ги имате со членовите од семејството, поддршката која тие ви ја даваат може да направи разлика помеѓу тоа да бидете успешни или да бидете мизерни.

Многу малку нешта во животот можете да остварите сами. Семејството гарантира за тоа дека никогаш не мора да бидете сами.


Добро здравје

Ако не сте здрави, тогаш сте болни. Колку повеќе сте болни, толку поверојатно е дека ќе умрете. А умирањето е очигледно лоша работа. Избегнете го онолку колку што можете. Колку сте поздрави, толку поверојатно е дека ќе имате повеќе време да ги правите нештата кои ги сакате.

Да се биде здрав не значи само да се живее подолго, туку и да се живее подобро. Колку сте поздрави, толку поздраво ќе се чувствувате и ќе уживате во нештата што животот ви ги нуди.

Тешко е да се објасни разликата се додека не почувствувате како е да се биде исклучително здрав. Годишното дарување на крв може да ви помогне подобро да го сфатите вашето тело, да ја смените исхраната и вообичаениот стил на живеење со цел да ги зголемите задоволствата во животот.


Знаење

Да бидеме на чисто, јас не мислам на образование. Образовниот систем е доста погрешен и многу често ги разочарува луѓето кои би треба да имаат корист од него. За среќа живееме во време во кое секој кој бара знаење или сака да дојде до вистински информации може да го направи тоа во било кое време и од било каде. Ако веќе сакате да го смените времето со нешто, тогаш тоа нека биде знаењето. Тоа ќе ви биде од корист повеќе од било што и тоа во повеќе погледи.

Рационално размислување

Светот би бил подобро место ако луѓето се обидат повеќе да се фокусираат на рационализирање на животот, на ситуациите во кои се наоѓаат отколку да се базираат на целиот нивни живот и на сите нивни дејства на некој вид на верба. Религија или не, рационалното размислување секогаш владеело и ќе владее како крал.

Прашувајте за се. Разгледајте ги сите можности, сите можни причини и последици. Донесените одлуки откако добро ќе размислите за се се подобри отколу да дејствувате на основа на вашиот инстинкт или некои застарени информации. Не е важно што верувате дека знаете, секогаш можете да погрешите.

Околностите секогаш се менуваат, но секогаш може да се пронајде вистинската или најдобрата одлука. Не дозволувајте му на вашиот ум да биде мрзелив.


Искрена љубов

Навистина е тешко да се најде некој искрен во последно време, а пак искрената љубов е најретка. Потребно е време за да ги разбереме луѓето и нивните вистински намери. Многу ретко можеме да ги прочитаме како книга.

Повеќето луѓе никогаш нема да ви се отворат доволно за да дознаете кои се тие вистински.

Искрената љубов не може да се пронајде. Таа треба да се создава и негува. Потребни се години за да се развие и цел живот за да се заадржи.

Како и да е, кога ќе најдете некој кој отворено ве сака и вие искрено го сакате- вие двајца создавате една од најдобрите приказни за кој светот некогаш слушнал.

Искрената љубов може да има цена, но тоа не се купува со пари.


Добри времиња

Често размислувам за концептот време и за тоа како нашата психа  и покрај тоа што изгледа како да протскокнува меѓу сегашноста и минатото, постои само во сегашноста. Можеби тоа е вид на илузија, но илузија до која сите се придржуваме.

Размислете за личноста со која сте сега, за животот кој го живеете. Речиси сте сигурни дека тоа е единственото постоење што го имате.

Не сметате дека сте постоеле во минатото. Се сеќавате на минатото и напротив сфаќате дека постоите само во овој сегашен момент. Еден ден во иднината ќе биде вашиот последен ден од животот, а вие ќе се чувствувате како тоа да е единствениот ден како постоите.

Освен, се разбира, сите оние сеќавања кои сте ги создале со текот на годините. Токму тие сеќавања, тие добри времиња ве потсетуваат дека не сте постоеле само дел од секундата туку дека живеете сега. Постоите за целиот ваш живот. Без таквите сеќавања, животот еден ден би изгледал целосно неважечки.


Вистински успех

Парите не можат да ни купат успех. Тие можат да купат многу работи и и покрај тоа што многумина веруваат дека со парите можеме да купиме успех, всушност грешат. Дали најуспешните луѓе имаат многу пари? Некои да, но не сите.

Ниту славата ниту парите не ве прават успешни, само успехот може да ве направи успешни.

Внимавајте како го мерите успехот, создадете си свои стандарди наместо да се потпирате на стандардите на другите. Успехот е крајната дестинација на нашето лично патување.

Значењето на поимот успех се разликува од една до друга личност. Бидете прецизни во дефинирањето на успехот, а потоа следете го тоа. Парите можеби не можат да купат успех, но вие можете да го создадете.


Способност за промени

Ова можеби е најпотценетиот аспект во животот. Фактот е дека треба да бидете прво важни на самите себе а потоа и на другите.

Единствениот начин на кој можете да бидете важни пред другите е доколку во некоја форма или облик имате влијаните на нивните животи. Поради тоа што делувате на нив на одреден начин, вие буквално сте станале дел од нивните животи. Станете дел од животите на добар број на луѓе на позитивен начин и вашите можности ќе бидат бескрајни.


Среќа

Не можете да купите среќа. Секако, може да купите скии, убаво е да ги прелетате и океанските бранови но тоа е радост, не среќа. Радоста влијае на среќата, но најмногу од се влијание има задоволството.

Кога сте задоволни од себе, од она што сте го направиле во животот и од она што ќе го направите, тогаш вие сте среќни. Зошто? Бидејќи немате причина да бидете несреќни.

Среќата е толку неверојатно неостварлива, бидејќи тоа не е предмет или нешто што можеме да го допреме, тоа е чувство. Можеби ова изгледа спротивно, но така е затоа што на нашите умови им е тешко да сфатат како нешто позитивно потекнува од негацијата на нешто негативно.

Да се биде среќен е едноставно, исто како да немате причина да се чувствувате поинаку. Од друга страна пак, треба да се разбере за што вреди да сте несреќни, а што е само здодевно. Не можете да ја купите среќата, но кога ќе научите да ја разберете таа станува вашето второ јас.

Посетено 8.190 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!

Watch Re:Zero kara Hajimeru Isekai Seikatsu 2nd Season Part 2 Episode 2 (https://animefreak.ws/m/3XoZ/ep-2) at website https://animefreak.ws. See more animefreak avatar

One Piece Episode 958 at website https://funimationfree.com. See more dragon ball z kai funimation