Утрински ТВ Програми

utrinska_majkatiitatkoti

Сабајлечки, нели, стануваш распаднат како да си се борел ноќеска користејќи некоја јапонска вештина и не знаеш каде си. Сѐ те боли, вариш кафе, пушташ ТВ и сакаш некој милозвучен пријатен женски глас да ти го почне денот. Е НЕ! Имаш водителка – крештачка со вокабулар од 8 зборови, фризура уошандгоу, хеклано елече – крупен пиринач цигла боја…..А бе како вака?! Како? И да сакаш не можеш да дадеш сѐ од себе и да бидеш патриот. 
Менуваш канал на Ex Yu и почнуваш со рехабилитацијата. Убавки се водителките, слатки, мили, не крештат..
Ние сме популација со оштетени нерви и мора утрото да ни почне без стрес. Па не пуштај ТВ, ма!

Посетено 7.541 пати