Уште да научам сарма да виткам

devojka veter_majkatiitatkoti

Ме нервира македонскиов ветар,
ќе направам 3 чекори па ветров ќе дувне
и ќе ме врати 1 назад
Овака ни задутре нема да стигнам до дома
-аман бе доста ме дуваш, не можам да мрднам
од тебе – му викам
-па тоа ми е работа, да дувам
-добро ќе видиш, ќе ти вратам со иста мера
-како мислиш?
-па ќе дувам во тебе да видиш како е
-хаха ај баш да видам – ми се смее ветерот во фаца
И така, јас му дувам, он ме дува,
јас му дувам, он уште посилно ќе ме дувне
-чекај малце да одморам, издишав- му викам
и палам цигара
-така одмараш?
-да…уствари не, смислувам стратегија
-каква стратегија можеш да имаш против мене?
-слушај, наместо да се расправаме ај дувни
накај онаа да и се дигне сукњата
-што фајде имам од тоа, јас сум ветер
не се палам по женски
-добро де ај направи го тоа за мене па јас
ќе ти вратам со некоја услуга
-каква услуга?
-ќе смислам нешто, ај сега дувни жити мене
Дувна и на девојката и’ се подигна сукњата
-суперр..ај и на онаа.. и таа во црвеното
Фала ти, ми текна каква услуга да ти направам
-Каква?
-Кога ќе дојдам дома ќе направам промаја
па ете можда да ти се присвиѓа
-Промаја да ми се присвиѓа?
-Зошто не, ти си машко она е женско
-Не знам, не сум размислувал за тоа
-ете ќе пробаме, можда ќе си фатиш женска?
Така направив, кога дојдов дома ги отворив
сите врати и прозори и направиви страшна промаја
Едно време се гледаа попреку, по малку се буткаа
ама ветерот е посилен, промајата ништо не му може
-попуштај и’ малце, не биди сељак – го карам
Го послуша мојот совет па на тоа промајата се насмеа
а и ветарот конечно се расположи
и мангупски ја гушна
Набрзо целите среќни се сплотија, се испомешаа,
не знаев више што е ветер а што промаја
и така сплотени наеднаш ги снема
а мене сам ме оставија
Чуден, монотон ми е животот без промаја,
и стварно не знам зошто луѓето а посебно бабите
толку ја мразат
па решив секогаш да ми се отворени вратите и прозорците
во случај да и’ текне да се врати
И се случи, наеднаш еден ден пак осеќам промаја
-Еј се врати? – ми се стопли срцево кога ја осетив
-Не, јас сум и’ ќерка, ми ја раскажа мајка ми
приказната за татко ми-ветерот, како си ги споил
и ми кажа да дојдам да живеам кај тебе
ако немаш ништо против
-немам, напротив баш сум среќен
Ете така, пак ми е исполнет животот,
уште да научам сарма да виткам

Посетено 958 пати