Преубава Камена Куќа На Хвар
Vila Hera
Скриенa од љубопитните очи и совршенa
за незаборавно лето
Странските туристи го обожаваат хрватскиот најсончев стров. Тешко дека ќе поминете низ хварските улици во екот на сезоната, а да не ги слушне сите светски јазици и воздишки на задоволство на посетителите кои не без разлог го посетуваат овој остров. Поради низа ексклузивни понуди за сместување, странците навистина може да изберат убави вили и куќи во кои нивниот одмор ќе биде уште поудобен. Една таква куќа наречена ХЕРА (во грчката митологија, сопруга на Зевс и божица на бракот) се наоѓа на падините на малото место Зараче.
На прв поглед ХЕРА изгледа како типична далматинска камена куќа со градина обвиена со домашни растенија и вегетација што ве чува од љубопитните очи и создава совршено природна атмосфера. Куќата е создаден со спојување на неколку мали камени куќи кои сопственици ги реновирале пред седум години со многу внимание и трпение за да се добие овој уникатен спој на традиционалното и модерното. Покрај главната куќа има две мали куќи со спалните соби кои се поврзани со купатилата.
Основните материјали кои се користени при изградба и уредувањ се дрво и камен, кои така вклопени обезбедуваат удобен и пријатен интериер. На долниот кат на главната куќа е сместена комплетно опремена кујна поврзана со дневна соба која има излез на терасата и градината. На горниот кат кој е поставен како мансарда е големиот брачен кревет со преграден ѕид кој ја одвојува бањата од остатокот на просторот. Горниот кат има пространа гардероба.
Две помали куќи исто така се опремени со приватни бањи и имаат пристап до приватна тераса од која се пружа неверојатен поглед. Посебен шарм има градината каде што е сместен мал камен базен идеален за инстант освежување од топлото хварско сонце. На терасата е поставена и трпезариска маса и гостите можат да уживаат во пријатна вечера под ѕвездите со поглед на морето.
Погледнете галерија
Vila Hera побарајте ја на: http://villashvar.com/en/collection/villa-hera
Посетено 7.064 пати