Успехот Е Најдобра Одмазда

uspehot-e-najdobra-odmazda-1Успехот нема допирна точка со одмазда, но сепак луѓето сами ја сфаќаат како одмазда поради лошото во нив.
Доколку не сфаќате за што станува збор, сега ќе ви биде појаснето накратко.
Кога некој ве мрази, ве навредува, ве критикува, ви завидува, ви се восхитува истовремено, сака да допре до вас преку лоши зборови и дела, сака да ви наштети или едноставно не сте му симпатични, тогаш тој се фокусира на вас бидејќи нема свој живот, нели?
Секако тој некој не е свесен дека нема свој живот, несвесно го живее вашиот, а вие истовременосе стремите кон успех.
Тој се стреми да ви става камчиња на патот до него за да се сопнете, но вие веќе навикнати на нив ги прескокнувате без да се погледнете надолу.
Знаете дека одмаздата е за оние глупавите, па не се замарате да се свртите и да го удрите со еден од тие камења по глава, бидејќи едноставно на будалиот му се попушта.
Така вие си чекорите, бавно но, сигурно кон врвот, додека овој некој се влечка зад вас, ви дофрла коментари, навреди, ве трга за панталони, продолжува со камењата, се удира сам од нив, ви кажува дека ве мрази, а на сето тоа добива едно големо НИШТО од ваша страна.
Во тие моменти се запрашува зарем овој е глупав или се прави дека е глупав, не забележува дека му го попречувам патот, зошто не се обиде да ме тргне на страна?
Бидејќи е прост не разбира за што станува збор, не разбира дека индиферентниста е вашето најдобро оружје од кое ќе загине.
Вие конечно се искачувате до врвот, а тој останува по патот да си ги бери камењата кои ги поставувал за да си ја исчука главата со нив откако ќе сфати дека требало и тој да си одбере свој пат до успехот по кој ќе чекори, наместо да ве следи вас.
Успехот е најдобра одмазда за сите што ве мразат, бидете успешни и одмаздувајте им се без да им обрнувате внимание.
Оставете вашиот успех да зборува во ваше име, нека неговиот глас ги распара нивните уши и ги онеспособи да ги слушнат сите оние навреди и критики кои им ги упатува кармата во мозочето.
Ете затоа успехот е најдобра одмазда!
Посетено 2.183 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!