У ПМС или У Пи*ку Матер Сум!

Сабота. Ден кога не знаеш дали да се опуштиш од работа или да се прегрееш за се’ што цела не недела не си можела. Ден кога се мислиш дали се поспиеш повеќе или да го фатиш денот од порано и да заминеш во набавка на производи. Ден кога не знаеш дали сакаш вечерта да идеш на коктел или филмче под клима… А уште да биде полошо е кога си во ПМС!

Во принцип важам за личност која е многу мирна, но во овие денови душата да можам ќе им ја извадам на најблиските, а тие ме трпат, само затоа што ме сакаат.

Не за џабе велам дека у Пичку Матер Сум.

Овие денови пцујам и на англиски, и на македонски и на српски. И се’ ме нервира. И грицкањето сончоглед во парк, и чекањето нервозно на каса и шушкањето на ќесите и шмркањето, ама буквално се’…

Се прашувам дали тогаш ние жените добиваме супер моќи? Да слушаме се’ и сешто секој момент? Да читаме меѓу редови и да се пуниме со агресија? Хел ноу…

Овие два-три дена сум атипична.

Ама бидејќи веќе не е табу тема, ајде да ви кажам каква сум:

Овие два-три дена сум жена-змија, мачка накострешена, со око соколово, со канџи наострени, со пунџа распадната, со насмевка зелена…

А, за него сепак најубава…

И иди не го сакај бе, е па не може…

П.С. Биваше ли лажицата со која што мацкав кечап и чипс да ми ја стави во кафето и пак да е најубаво?

Посетено 290 пати