Теодора Мирческа: Мојот Мал Свет-Сликарството
Теодора Мирческа од Тетово, иако има завршено Средно уметничко училиште, Педагошки факултет и живее и работи во Скопје, сепак емоциите ги изразува преку уметноста. Таа е ликовен уметник, која со четката и боите на платно ги пренесува своите инспирации. Со нејзиниот талент уште еднаш покажува дека за се во животот е потребна само љубовта, а особено во сликарството преку кое се изразуваат емоциите,инспирацијата, расположението. Пошироката јавност со нејзината работа може подобро да се запознае преку Фејсбук страната Teodora’s Artwork, каде се сместени поголемиот дел од нејзините слики. А за себе таа вели:
МиТ: Од каде љубовта кон ументоста?
Теодора: Интересот за уметноста, таа енергија и набој за изразување кај мене постои уште од детството.Со текот на годините талентот постојано го негувам и се надградувам. Со упорна работа, кога кон нешто негувате љубов,се надградувате и упорно работите, резултатот е неизбежен.
МиТ: Од каде ја црпeте инспирацијата?
Теодора: Уменоста е израз на сопствените емоции. Како се чувсвувам во одреден момент, така тоа го пренесувам на платното со четката, колоритот,формата и мотивот… сето тоа го искажуваат моите емоции.Творењето и создавањето на една слика e еден мој мал свет со духовно исполнување и безвременска преокупација.
МиТ: Со која техника најмногу сакате да создавате и имете ли некој мотив кој ви е особено драг?
Теодора: Претежно сликите ми се акрилик на платно или картон. Ги употребувам и пастелот и јагленот. Сакам да експериментирам и да истражувам, ја сакам слободата што ја има уметникот за својата експресија, а како мотив морам да ги издвојам коњите како симбол на сила, моќ, слобода, изджливост, елеганција, отменост, мудрост, брзина, истрајност…на крајот, моите слики зборуваат сами за себе со конкретен расплет. Секоја слика си има свое значење,вредност и чувствa и секој на свој начин ја доживува, секој си содава своја приказна, а тоа му влева посебна убавина на делото.
МиТ: Дали преку сликата се познава кога си вљубена и среќна и кога си тажна?
Теодора: Секогаш. Во зависност од тие доживувања, го избирам колоритот и мотивот и од тоа зависи дали потегот на четката ќе биде силен и енергичен или пак смирен и прецизен. Кога се навраќам на сликите наназад, знам како сум се чувствувала во тој момент кога се создавало делото.
МиТ: Подготвена ли си за изложба?
Теодора: Се надевам до крајот на годината ќе ми се исполни и таа желба.
Посетено 1.662 пати