Св. Кирил и Методиј

dadigas_majkatiitatkoti
Седам со Тони, Буцо и Филип пред зграда
и гледаме во небо..
Уствари гледаме по женски ама ако нема
ни една за гледање тогаш гледаме во небо
Ни приоѓаат двајца распарталени, во црни
мантии и целите забрадосани.
„добар ден дечки“- ни се обраќаат
„добар ден“- мрзливо одговараме
„да се претставиме, ние сме Св. Кирил и Методија“
„едниот е свети или двајцата?“ – ги прашувам
„двајцата, ама овака е пократко“ – одговараат
„немам ништо против, ви требаме нешто?“
„па да..видете, ние измисливме
нова азбука „глаголица “ се вика
па ако сакате да ве научиме да читате
многу е лесна
„што ќе ми да читам, јас гледам само синхронизирани серии“
–вика Филип
„јас гледам само спорт, сите екипи ги разликувам
по дресови, што ќе ми да читам“- коментира Буцо
„јас свирам по слух и знам да бројам до 6
не ми треба повише, толку жици имам на гитарата“
– се убацува Тони
„ја ништо не правам, само пијам ама ги разликувам
пијачките по мирис, што ќе ми да читам“
„ама тоа е добро за вас, ќе бидете многу напредни,
кога ќе пораснете без проблем ќе ве примат во ЕУ и НАТО“
„слушај, ај не не тупите“- им кажавме во еден глас
и Филип отиде дома да гледа серија, Буцо отиде
да гледа Хајдук-Ријека, Тони да свири
и ме оставија сам да си го допијам пивото
„добро,сега пошто си сам да ти предложиме
нешто“ – упорни двајцава
„што?“
„па прееска не можевме пошто имаме ограничен буџет
ама пошто сега си само ти ќе ни стигне да ти платиме“
„за што да ми платите?“
„па за секоја буква што ќе ја научиш ќе ти дадеме по 1 евро“
„аааа така може, колку букви има?“
„па сега за сега измисливме само 31-на“
„ќе ми дадете 31 евро?“
„да бе, плус буквар гратис“
„договерено Св…како беше?“
„Кирил и Методија“
„ах, да..слабо памтам имиња“
И така, ги научив сите букви
и со тие 31 евро право на шопинг
Едвај чекам да ги видам Тони,Буцо и Филип,
ќе пукнат од завист на моите нови
оригинал ДАДИГАС патики
Посетено 1.419 пати