Стој на раце
Човекот што го силувал кучето е класичен зоофил. Сексуална настраност која е ретка. Лично сум против било која форма на насилство, врз било кого, вклучително и врз животни! Го кажувам ова за да ги баталите клише коментарите од типот – ти не ги жалиш животните, греота се. Ги жалам и греота се! Ама да бидам искрена, цел ден да читам по порталиве и на ФБ каков грозоморен чин е тоа со кучето, а притоа знам дека мал милион други немили случки на семејно насилство и силување девојчиња и жени кои биле обзнанети во јавноста не ни го привлекле вниманието и не резултирале со коментари и осуда до овој степен, од кој искрено лично се запрепастив, е тоа стварно не го разбирам!
И што сега, ќе бараме казна и линч за зоофилот, она, нека скапе злосторникот во затвор, нека се запали жив или нека се каменува на плоштад и што уште не се изначитав денес, а силувачите на деца и жени нека си шетаат слободно или нека одговараат минимално? Во такви ситуации дури и сум читала коментари од типот: малата не ја воспитала мајка ѝ, што мајка бара со непознат маж, епа така иде тоа после, или жената го испровоцирала силувачот, носела длабоко деколте и мини сукња, па сега роле и е крив!? Ало!? Не знам што ни е стварно, колку што се испотресовме за кучето, не се тресевме за бабичката што беше силувана во својот дом неодамна, за жената од некое село чинам беше, пред некој месец, или за многу други невини детенца што настрадаа од канџите на педофили. Ние сме скроз изместени и како народ и како држава! Наопачки сме превртени! Како стој на раце кога правиш, па ти се мати во глава, ама ние цело време така!!!
Посетено 1.276 пати