Што после тетовирање?

Дознајте како правилно треба да се третира свежа тетоважа, но и што треба да направите пред и после тетовирање. Правилната нега е клучна за здрава кожа и што подолготрајна убавина на вашето уметничко дело
Тетовирањето претставува вид на уметничка форма на себеизразување и покажување став и препознатливост. Сепак, не е доволно само да се одлучите да направите тетоважа и каква. Оваа одлука има повеќе различни аспекти на кои нужно треба да им се посвети внимание. Од избор на мајстор за тетовирање, па сè до нeга по тетовирањето и долготрајна грижа, сè е важно. Исто така, треба да бидете информирани за сите можни последици за вашето здравје, кои што ги носи тетовирањето.nega-na-kozata-posle-tetoviranje_image
Подготовки пред тетовирање
  • Одете во регистриран салон за тетовирање. Професионално студио работи по стандарди и ги има поминато сите инспекции за соодветни хигиенски услови.
  • Доколку сте на некаква терапија, најпрво консултирајте се со лекар. Внимавајте да не пиете аспирин претходно, бидејќи аспиринот го спречува згуснувањето на крвта. Тетовирањето е строго забрането кај оние со болести на крвта и крвните садови, болни од епилепсија и дијабетес. Консултирајте се со вашиот лекар доколку патите од хемофилија, алергија на метали, проблеми со притисокот или доколку сте бремени. Задолжителна консултација со лекар и доколку вашата кожа е премногу чувствителна.
  • Процесот може да трае и неколку часови, така што треба да бидете наспани, најадени и хидратирани. Понесете со себе вода и некоја здрава ужина, доколку правите голема тетоважа која ќе трае неколку часа. Не консумирајте алкохол 24 часа пред тетовирањето.
Запомнете: Како и пред секоја интервенција врз вашето тело, не постои прашање кое е непотребно или глупаво. Професионалец треба да има одговор за секое ваше прашање.

Нега на кожата после тетовирање…

[button color=”#000″ background=”#9bc832″ size=”large” src=”http://pharmanews.mk/nega-na-kozhata-posle-tetoviranje/”]Прочитајте ја целата сторија овде[/button]

595x90

Посетено 698 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!