Што е важно кој победил кога двајца губат?

Некогаш не е важно кој победил, а кој изгубил кога двајца губат нешто што не сакале да го изгубат никогаш.
sto-e-vazno-koj-pobedil-koga-dvajca-gubat-1[fblike]
Во тие моменти преовладува осудувањето на грешките од минатото, препирањето кој згрешил прв, кој последен…
Но, кога ќе се сумира се, ништо од тоа не  е важно, во моментот кога сфаќаш дека губитници се двајца, без разлика кој погрешил последен, кој прв, кој на средина.
Постојат ситуации во животот поврзани со пријатевство, љубовни врски, семејство во кои сите делови од слагалицата се изместуваат, паѓаат на невидливо место и се губат засекогаш.
Слагалицата никогаш повторно нема да може да ја склопиме бидејќи едноставно делови недостигаат, а ти не можеш да ги пронајдеш каде се изгубиле.
Впрочем самиот се губиш на невидливо место заедно со нив, знаеш каде се, но не ги гледаш, можеби не ни сакаш да ги видиш кога знаеш дека со нивно склопување слагалицата нема да биде иста.
Во тие моменти сфаќаш дека не треба да се натпреваруваш за победа во која губат двајца, тројца, четворица, бидејќи сите сте губитници уште на стартната линија пред да започнете да се препирате.
Во тие моменти сфаќаш дека единствено нешто што ти преостанува да направиш е да се помириш со тоа што се случило, било поминало, нема да се врати повторно.
Во тие моменти сфаќаш дека треба да простиш и да продолжиш, да му простиш на другата половина што си ја запознал во погрешно време, а можеби сте биле вистинските.
Потребно е да си простиш и себеси, не бидејќи така треба, бидејќи така заслужуваш, секој прави грешки, секој заслужува прошка, па така и ти, па така и оној другиот кој изгубил.
Не обвинувај го бидејќи никој не сака пораз, тој боли, без разлика дали бил крив, го боли и него.
Не обвинувај се ниту себеси, бидејќи ќе те боли повеќе, едноставно продолжи…
Запомни, на крај кога навистина е крај, не е важно кој победил, кога двајца губат се што имале.
Посетено 5.036 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!