Синдромот на Минхаузен
Дефиниција на синдромот на Минхаузен
Синдромот на Минхаузен е ментално нарушување, односно психијатриски синдром на лажно болни. Именуван е по германскиот барон Минхаузен, кој се смета за најголемиот лажго во историјата на човештвото. Ова нарушување претставува сериозна закана за здравјето на болниот кој измислува болести со цел да привлече внимание. На оние кои што патат од овој синдром не им пречи да прават дури и комплицирани и опасни хируршки зафати доколку е потребно да ги уверат останатите дека навистина патат од одредена болест. Овие лажно болни, често сами се повредуваат и се обидуваат да ги променат резултатите од лабораториските испитувања со цел да привлечат внимание и загриженост од околината.
Причината за појавување на овој симптом е непозната, но најчесто се поврзува со периодот на детството и со историја на запоставување, злоставување, бројни непрепознаени физички болести за кои не се добила навремена грижа или губење на блиска личност. Овој синдром тешко се лечи заради неискреноста на пациентот, која често води во погрешно поставени дијагнози. Токму затоа, иако Синдромот на Минхаузен е познат како нарушување, тешко се открива.