10 Причини Поради Кои Децата Треба Дождливиот Ден Да Го Поминат Надвор

igranje-na-dozd_majkatiitatkoti
Дали сте родител кој на првите капки дожд реагира така што децата од
игралиште ги прибира дома? Дали имате обичај поради лошата временска
прогноза да го откажете излетот или прошетката со своите деца?
Прочитајте ги овие 10 причини за да ја промените оваа навика:
1. Затоа што на децата не им пречи дождот. Дали знаете некое дете кое одбило да отиде во парк, бидејќи надвор врне малку дожд?
2. Бидејќи мантили за дожд и гумени чизми може да се купат на секој агол, а не се особено скапи.
3. Затоа што во земји како Шведска дожд паѓа 270 дена во годината, а нивните деца поминуваат повеќе време надвор од нашите.
4. Бидејќи во текот на стотици илјади години на еволуцијата, човечките младенчиња целото детството го поминувале на отворено, играјќи си во сите временски услови, што значи дека ние генетски сме прилагодени на “натопување”.
5. Затоа што така ќе пораснат сметајќи дека животот треба да се одвива нормално, без разлика на временските услови.
6. Зашто играњето со вода е извор на радост за децата, и има и докажано психотераписка улога.
7. Бидејќи децата кои си играат на дождот ќе бидат помалку разгалени од останатите.
8. Затоа што барата полна со дождовница е фантастично место за експериментирање и забава.
9. Да би ја сакало, почитувало и чувало природата, детето треба да се навикне на природните феномени.
10. Бидејќи детето, кога ќе го пуштите надвор на дождот, му порачувате дека е способно и отпорно, со што му овозможувате изградување на самодоверба.

Извор: детињарије

Посетено 1.837 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!