Ех да си имав..

cura-pazari-pocetna_majkatiitatkoti[fblike]
Да си имав сега западно-европска платичка, во гаража паркирано едно ново мало спортско аутце за низ град и едно ново големко караванче за на пат, да си имав комотен стан на мое име во Скопје, викендичка во Маврово, уште еден стан во Охрид, еве не мора и викендичка на море, ама ете, некоја така пристојна јахтичка, да си имав полн фрижидер во секое време и исто толку полн новчаник, да можeв да си одам на зимувања и летувања и патувања низ цел свет и да можев да си трошам без многу многу да му ја мислам дал е скапо или не… не само што немаше да ме интересираат нечии партиски листи, туку сега ќе ве прашав како падната од Марс: Извинете, која партија е моментално на власт?
Е таков живот сакам да живеам бе!!! Кај адреса да ми стои – Македонија, а кај политика – падната од Марс!Smile
Посетено 1.766 пати