Секс рулет – новиот тренд во Барселона

musee-dorsay-sade-2
Во Барселона се појави вознемирувачки нов тренд на ризични секс-журки, во кои учесниците имаат незаштитен секс со носители на ХИВ вирус.
Според неколку објави од шпанските медиуми, ризичната активност, инаку позната како „секс рулет“ станува многу популарна и ја практикуваат луѓе кои сакаат да го воведат елементот на опасност во нивните сексуални активности со тоа што канат најмалку еден „таен“ носител на ХИВ во групата.
На пример, некои од журките нудат „сини таблети“ кои треба да го спречат фаќањето на вирусот, а таблетите се купуваат на црниот пазар.
Исто така, забележан е драматичен пад во бројката на млади луѓе кои се плашат дека ќе фатат ХИВ – статистиките велат дека 24% од младите на возраст од 15-25 години не се „плашат“ од вирусот.
Но зошто, и покрај очигледната опасност, овој вознемирувачки тренд е толку посакуван? Оние што ги посетуваат журките мислат дека колку е поголем ризикот, толку е посилна возбудата, тврдат психотерапевти.

border 1-transfer-ABC-za-banner

Посетено 10.904 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!