Се што треба да знаете за заштита од сонце

Кратенки што живот значат…

sonce-pocetna_majkatiitatkoti

Royal Pharmaceutical Society спроведе истражување кое јасно покажа
дека сите ние знаеме да користиме крема за сончање, но не знаеме
кои предности ни ги обезбедува токму тој производ
Една студија спроведена на  2.000 возрасни британци покажа дека само осум проценти од испитаниците го знаат вистинското значење на висината на факторот за заштитата од сонце. Дали знаете да ги разликувате UVA од UVB и UVC? Ако овие кратенки ве збунуваат, не грижете се, наскоро ќе ви биде многу поjaсно.
SPF
Фактор за заштита од сонцето (анг. Sun Protection Factor) е составен дел од производот кој ви овозможува повеќе изложеност на сонце без изгореници, но не обезбедува неограничена и долга изложеност. Он го означува фактор на заштита од сонце кој може да се движат од 2 до 60. Овие бројки ја дефинираат способноста на производот во блокирање на сончевите зраци. Факторот за заштита од сонце се пресметува со споредување на износот на времето потребно за добивање изгореници на кожата која е заштитена од сонцето и износот на времето во кое изгорениците се појавуваат на незаштитената кожа.
UV
Сончевите зраци се одликуваат со различни бранови должини на ултравиолетовата (UV) светлина. Постојат два вида на UV зраци кои продираат во атмосферата и предизвикуваат оштетување на кожата:
UVB
UVB сончевите зраци се главната причина за добивање на изгореници со големо влијание на надворешниот слој на кожата (epidermis). Нивната сила зависи од географската локација, сезоната и времето од денот. UVB зраците се најинтензивна помеѓу 10 и 14 часа и се најсилни во текот на летото, а кога станува збор за географската положба, колку се поблиску до екваторот, толку се поинтензивни. Изложеноста на влијанието на овие зраци резултира со формирање на витамин Д во вашето тело.
UVA
Споредувајќи ги со UVB зраците, нивото на UVA зраците исто така се менува во текот на денот, но и во текот на годината па дури и во текот на зимата за време на облачен ден. А долготрајното изложување на UVA зраците без заштита може да доведе до рак на кожата. Овој тип на зраци е толку продорen што минува низ прозорците и стаклатa, за разлика од UVB зраците, тие продираат подлабоко во основниот слој на кожата (dermis).
UVC
За среќа, овие зраци не допираат до нас, бидејќи земјината атмосферата ги филтрира, но тие се далеку најштетни бидејќи имаат најголема способност да создадат оштетување.
sonce2_majkatiitatkoti
15
Најнизок заштитен фактор препорачани од страна на здравствениот систем на глобално ниво, без оглед на вашиот тип на кожа.
2
Оптималното количество на крема за сончање е две кафени лажички за заштита на лицето, рацете и вратот и две супени лажици крема за заштита на целото тело.
30
Половина час пред изложување на сонце потребно е да ја нанесете кремата за сончање на кожата за подобро да ја апсорбира.
2 – 3
Две до три години е времетрањето на поголемиот дел од кремите за сончање, сепак ви препорачуваме да го проверите нивниот рок на задната страна на производот. Чувате ги на ладни места бидејќи во спротивно се намалува нивниот ефект т.е  се  уништуваат хемикалиите за заштита.
10 – 14
Од 10 до 14 часот, избегнувајте директна изложеност на сонце и останете во сенка.

595x90

Посетено 793 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!