Ако љубовта би имала име тогаш тоа би било твоето

ako-ljubovta-bi-imala-ime-togas-toa-bi-bilo-tvoeto-1Беше уште едно убаво утро кое од самото будење сакав да биде уште поубаво. Со позитивна енергија и добро расположение решив да излезам на воздух шетајки низ центарот на градот.
Во еден момент те здогледав тебе седејќи заедно со мои познаници да не речам другари.
Не те познавав ниту малце, а посакував да те запознаам и успеав во тоа.
Уште со првиот поглед упатен кон тебе, знаев дека зрачеше со позитивна енергија која ми ја исполнуваше душата исто како сонце во летен ден.
Посакував уште поубаво утро, но благодарение на тебе утрото ми беше прекрасно исто и остатокот од денот.
После тој ден посакував и секој нареден да ми биде исполнет со твоето присуство.
Деновите кога ти беше во моја близина, моето срце ја  чуствуваше љубовната вибрација која ми ја испраќаше се повеќе, посакувајќи истата да трае бесконечно.
Се додека не дојде денот чиј датум ќе остане засекогаш жигосан во мојата меморија.
Тоа беше денот кога ти ја подарив сета моја љубов, ти ослободив бесконечно простор во моето срце и ти ја подарив сета добрина која ја чував длабоко во душата.
Беше пресреќна, ми возврати со уште повеќе љубов и добрина со што ме направи да се чуствувам како најсреќниот човек на светот.
Сега едната половина од моето срце си токму ТИ, ме одржуваш во живот,  ме правиш среќен и ми даваш мотивација за остварување на животните соништа.
Со други зборови кажано ме правиш непресушен извор на љубов и среќа од кој само ти смееш да нацрпиш.
Ти благодарам за целата љубов што ми ја даваш, целата грижа што ми ја нудиш и за секоја секунда од твоето драгоцено време поминато со мене.
Посакувам ова да трае бесконечно исто како што трае сета убавина која во целост ти ја подарува моето срце, мојата душа.
Ти ја подарувам Јас, а ти ми подаруваш љубов која доколку би имала име, верувај тогаш тоа би било твоето.
Посетено 3.098 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!