20 нешта кои ментално силните луѓе не ги прават

Јас често пишувам за работи кои верувам дека сите треба да ги правиме, да експериментираме или да се обидеме за да дојдеме до највисокото ниво на успехот и среќата. Како и да е, најчесто работите кои ги правиме не ги менуваат многу нашите животи, односно сосем спротивно, најчесто работите кои ги избегнуваме имаат најголем ефект. Ние, како човечки суштества, во најголем дел од случаите чувствуваме апатија кон неправењето на ништо, ние сметаме дека за да дојдеме до резултати мораме да превземеме иницијатива.

Како и да е, поради тоа што постојано правиме нешто, само повеќе и повеќе натрупуваме и почесто имаме

негативен отколку позитивен ефект. Постојат неколку работи кои ментално силните луѓе ги избегнуваат за да имаат најголема придобивка во најкраток временски период.

house_of_cards2

Ова се нештата кои ментално силните луѓе ги избегнуваат, а зошто да не и се приклучиме и ние:

1. Не живеат во минатото

Ментално силните индивидуалци се фокусираат на сегашните мигови и на блиската иднина. Тие сфаќаат дека минатото е надвор од нашата контрола, а далечната иднина можеме да ја предвидиме исто онолку колку што ќе ја предвидиме и временската прогноза за оваа зима.


2. Не остануваат само во својата ‘удобна зона


‘Удобната зона’ е опасно место, темна бездна и секој што ќе остане таму предолго ќе се изгуби себеси во целост. Доколку останете само во рамките на оваа зона значи дека се откажувате од животот.


3. Не ги слушаат мислењата на другите

Само глупавите веруваат дека самите себе си се доволни во сите погледи. Добра идеја е добра идеја, без оглед дали на вас или на некој друг му текнало. Излезете на крај со вашето его. Ако некој има добар совет, прифатете го!


4. Не избегнуваат промени

Она што ментално силните го разбираат, за разлика од ментално слабите е дека промените се неизбежни. Невозможно е да се избегне неизбежното. Па затоа, нема потреба да се обидувате да ги избегнете промените, тоа е само трошење на време.


5. Немаат ‘затворен ум’

Не можеме да знаеме се. Дури и нештата кои мислиме дека ги знаеме, веројатно е да не се точни во потполност. Доколку имате затворен ум, тогаш сами се спречувате да научите нешто ново. А, кога ќе престанете да учите, ќе престанете и да живеете.


6. Не дозволуваат другите да донесуваат одлуки место нив

Сами донесувајте одлуки, не смеете да дозволите некој друг да го прави тоа место вас. Со самото тоа вие ја префрлате одговорноста, а единствениот кој губи на крајот сте токму вие. Доколку немате храброст да изгубите, тогаш немате храброст и да успеете.


7. Не љубоморат на тугиот успех

Треба да сте среќни на успехот на другите. Ако тие можат да успеат, можете и вие. Нивниот успех во никој случај не ги намалува вашите шанси да успеете. Токму спротивно, треба да ве мотивира за повеќе да се заложите.


8. Не размислуваат за можноста за неуспех

Нашите мисли ја контролираат нашата перспектива, а перспективата пак ги контролира нашите резултати. Ментално силните луѓе го разбираат ова и го користат во своја полза. Секогаш има шанса дека можеби нема да успеете, но вреди да се обидувате се додека постои шанса дека можеби ќе успеете.


9. Не се жалат себеси

Сешто се случува. Животот знае да биде тежок. Некои луѓе се повредени, други пак умираат. Животот не е мед и млеко. Тој е составен од безброј подеми и падови. Важно е да не останете да лежите, туку да станете и да продолжите напред.


10. Не се фокусираат на нивните слабости

И покрај тоа што ако поработиме на нашите слаби точки можеме да дојдеме до некои бенефити, сепак поважно е да се фокусираме на нашата посилна страна. Најдобриот не постигнува најмногу во животот. Ако имате средни вредности во повеќе погледи, тогаш вие сте просечен човек. Сепак, со подобрувањето на одредена вештина или одлика можете да ја победите конкуренцијата со помалку напор.


11. Не се обидуваат да ги задоволат желбите на останатите

Добро завршена работа е добро завршена работа без разлика кој го оценува финалниот производ. Не можете да ги задоволите сите, но секогаш можете да го дадете најдоброто од себе.


12. Не се обвинуваат за нешта кои се надвор од нивната контрола

Ментално силните луѓе знаат кои нешта можат да ги контролираат, имаат разбирање за оние кои не можат да ги контролираат и избегнуваат дури и да размислуваат за се што е комплетно надвор од нивна контрола.


13. Не се нетрпеливи

Трпението е доблест. Повеќето луѓе не успеваат не затоа што не се добри или не се способни за победа и успех. Повеќето луѓе не успеваат бидејќи се нетрпеливи и се откажуваат пред да дојдат нивните 5 минути.


14. Не сакаат да бидат неразбрани

Комуникацијата е клучот за правилното функционирање на еден систем. Кога станува збор за луѓе, нештата се малку покомплицирани. Едноставно наведената информација никогаш не е доволна. Доколку слушателот не ве разбере, тогаш пораката не е правилно пренесена. Ментално силните луѓе прават се за да бидат разбрани и имаат трпение за да ги расчистат сите недоразбирања.


15. Не чувствуваат дека се должни

Добивте живот- останатото зависи од вас. Животот не ви должи ништо. Останатите не ви должат ништо. Ако сакате нешто во животот, си должите сами на себе да го добиете тоа. Во животот нема подароци.


16. Не ги повторуваат грешките

Еднаш- ајде добро, грешка. Втор пат- не е добро , али ајде пак грешка. И по трет пат иста грешка- сериозно размислете да се откажете од алкохолот или дрогата. Или сте глупи или сте постојано ‘хај’.


17. Не им потклекнуваат на стравовите

Светот знае да биде страшно место. Некои нешта не заплашуваат со причина, но повеќето од нашите стравови се нелогични. Ако сте сигурни дека сакате да пробате нешто, тогаш пробајте. Ако сте исплашени,тогаш сфатете дека стравот од неуспех покажува дека успехот ви значи премногу.


18. Не дејствуваат непресметано.

Ментално силните луѓе никогаш не дејствуваат без претходно во целост да ја разберат ситуацијата. Ако имате време да размислите за нешто, тогаш направете го тоа. Во спротивно вие сте вистински мрзи.


19. Не одбиваат помош

Па не сте Супермен, не можете се сами. А и да можете, зошто би правеле се сами? Доколку ви се понуди помош, доволете да ви помогнат. Бидете друштвени. Слушнете ги другите идеи и гледајте како тие го прават тоа. Можеби ќе научите нешто. Ако ништо друго, правете го она што луѓето треба да го прават- дружете се.


20. Не се предаваат

Најголемата слабост на човештвото е откажувањето- подигање бело знаме. Ментално силните луѓе не се предаваат. Ги прават нештата кои им се важни, а забораваат на оние кои им се неважни. Ако нешто ви е важно, бидете упорни се додека да успеете. Без ниту еден исклучок!

Посетено 22.728 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!