Се Појави Трејлерoт За Новиот Филм На Рајан Гослинг “Lost River”

 Со Ева Мендез, Кристина Хендрикс и многу други
[youtube height=”HEIGHT” width=”WIDTH”]https://www.youtube.com/watch?v=H8ngDiG9V8w[/youtube] 

Се појави трејлерот за новиот филм Lost River, снимен по сценарио и режија на омилениот Рајан Гослинг

Рајан Гослинг се обиде да тргне по стапките на своите колеги и се обиде како сценарист да седне во режисерското столче. Производот на неговото дело ќе го видиме во фантастичниот инди трилер “Изгубената река” во кој Гослинг ангажира интересни имиња, вклучувајќи ги Кристина Хендрикс, Сирша Ронан, Мет Смит  и неговата девојка Ева Мендез.
Филмот раскажува мрачна приказна за една самохрана мајка Били (Кристина Хендрикс) што се бори за опстанок  и на тој пат упаѓа во темниот свет додека нејзиниот син тинејџер се обидува да ја открие тајната на мистериозниот град  Lost River што ќе го однесе во непознат правец.
Филмот досега доби различни оцени од критичарите, од кои некои го посочуваат проблемот со поврзување на делови на акцијата, но повеќето се согласија дека естетиката на филмот делува како некое cool музичко видео.
Премиерата се очекува кон крајот на овој месец, но само на одредени локации,а ќе можете да го гледате и на овогодинешниот филмски фестивал во Кан.
Посетено 227 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!

Website https://aniwatch.pro: Watch The Phoenix -Space- aniwatch Episode Full aniwatch

AnimeDao Watch anime online, English anime online HD

Website https://twistmoe.net: Watch Photon: The Idiot Adventures (Dub) twistmoe Episode 6 english dubbed anime

Website https://animetv.cc: Watch Soukyuu no Fafner: Dead Aggressor - Exodus animetv Episode 13 animetv boruto

Pantip: https://pantip.com/profile/6524785#topics

Pinterest: https://www.pinterest.com/gogoanimebe/