Се Изнајмува Њујоршкиот Стан На Мерилин Монро

[fblike]
Светилиште на Upper East Side

appartment-pocetna_majkatiitatkotiСтанот на култната холивудската ѕвезда Мерилин Монро 
сега може да се изнајми за 27.5 илјади долари за еден месец. 
Погледнете го  луксузниот стан со сиот холивудски гламур кој 
Мерилин го нарекувала нејзино светилиште …

 

Како што пренесува Daily Mail, агенцијата за недвижности  Town Residential која објави оглас за закуп на станот, одлучи во интериерот да го задржи “духот на стариот холивудски гламур”, како што му доликува на станот на една од најголемите холивудски ѕвезди на сите времиња.
Меѓутоа, и покрај тоа што Мерилин често престојувала во овој стан во менхетенскиот Upper East Side, на само неколку чекори од Централ Парк, Мерилин всушност никогаш не била сопственик на станот, туку тој припаѓал на нејзиниот близок пријател, познатиот моден фотограф Милтон Грин.
Оваа пространа некретнина која по својата големина и импозантност повеќе наликува на вила, во своите 325 квадратни метри има четири спални соби, две големи бањи (една со туш, а другата со џакузи), пространа кујна и трпезарија проследена со дневна соба со камин, како и голем балкон преполн со зеленило.

Marilyn_Monroe_appartment_01 Marilyn_Monroe_appartment_02 Marilyn_Monroe_appartment_03 Marilyn_Monroe_appartment_04

Посетено 1.180 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!