Што се случува во редакцијата на Фчерашни новости!? (Видео)

На барање на гледачите започна долгоочекуваната и многу посакувана, народнопопуларна емисија Фчерашни новости. Во оваа петта сезона, фчерашни најавија дека освен темите кои ги засегаат граѓаните, фокусот ќе биде насочен и на тоа што се случува во самата редакција на Фчерашни.


Номче уредникот преку аудиција се обидува да најде експерт кој ќе влезе во тимот на Фчерашни, а во исто време работи на остварување на својот сон за компонирање песни. Маја, десната рака на Номче, се обидува да дознае тоа што ги мачи сите вработени, кога плата.

Менде Гибнатиот влезе во конфронтација со Јелисалфета Крстиќ Поп Мајбах за тоа чиј постер да стои на ѕидот во канцеларијата. Рубин, како секој мајстор, има лек за се и сешто, па така и за алергија. Ацо водителот и Принцес Донатсу пробуваат да го разбудат Џемаил Кадри од својата работна обврска.

Целата епизода можете да ја погледнете овде:

Посетено 332 пати