Роден во глуп ден

„Добро бе, како може да си толкав сељак!“
ме прекорува девојка ми
„Јас сељак, зошто?“
„Па роденден ми е денес, не ти текна?
„Ма знам дека ти е, кај заборавам такви работи“
-пробувам да се извадам, стварно заборавив ,
ама како да памти човек роденден што паѓа во понеделник,
најглуп ден за родендени
„А поклон?“
„Па го носам со мене ама незгодно е, луѓе гледаат“
„Еј, што ми купи… вибратор?“
„Хмм, не, ај да искочиме и ќе ти го дадам“
Искачаме, ја вадам левата патика и со свечен тон и’ ја давам
„Еве ова е поклонот драга моја“
„Патика, твоја патика???“… малку се чуди ама сепак ја облекува
„Што да и’ правам голема ми е?“
„Ок, еве ти ја и мојава нога, си одговараат“
И’ така се сменивме, ја дадов ногата и сега мислам дека е ок
ама испадна проблем,
не ни се иста должина нозете па
и двајцата изгледам како сакати,
решение – и’ ја дадов и другата нога
Ја гледам,гледам, смешно изгледа, жива карикатура
„Хаха ич не ти личат цицките на моиве криви нозе,
најубаво да ги смениме телата – предложив
Така и направивме
„А бе не ми личи ова тело на главата, слатка женска фаца
на твоето тело ?!… ај да се смениме“ – вика, уствари ми наредува
И така си ги сменивме и главите
„Чекај малце, сега ти ТИ си ЈАС, ЈАС сум ТИ,
јас сум машко во женско тело а ти обратно“ – констатирам
„Па да, некако чудно ми е некако – збунето вика
„А да ги смениме и душите барем се’ да си одговара?“
„Може“ – се насмеа
Ги сменивме и душите и нешто ја гледам, не ми пасува
„Слушај, ај да раскинеме, многу си ружна“
„Јас ружна, па целата на тебе изгледам???“
„Па јбг, како да ти кажам, како си можела со мене да се фатиш?“
Малку плачеше, малку неуспешно сечеше вени ама на
крај се помири со судбината, скроз раскинавме
Сега шетам со тело и душа на женска
и убаво ми е, милион дечки ми се пуштаат
ама џабе, останала некоја трага од оригиналниот јас
и не сакам машки ама не е битно, ќе станам лезбејка

 

Посетено 1.224 пати