Пристигнува Документарниот Филм За Електо Дуото Дафт Панк

[fblike]
Погледнете што ве очекува

ТВ куќата BBC го објави трејлерот на документарниот филм “Duft Punk Unchained“, во кој што ќе дознаеме, меѓу другото и од перспектива на некои од најголемите музички ѕвезди на денешницата, како што се Kanyea Westa, Pharrella Williamsa и други, за историјата на ова
необично француско електро дуо
Daft Punk Unchained” е првиот документарен филм што го тематизира феноменот на поп-културата култното електро дуо Дафт Панк. Thomas Bangalter и Guy-Manuel de Homem-Christo ќе раскажат како се развивал нивнот креативен пат кој започнал уште во раните 90-ти, а кој е крунисан со престижниот музички Греми. Бендот досега има продадено 12 милиони албуми и освоено седум пати Grammy.
Во ерата на глобализацијата и доминацијата на социјалните мрежи ова музичко дуо останува верно на својот израз и продолжува со филозофијата на ретка вербална комуникација со публиката, а познати се по тоа што секогаш носат маски на  јавните настапи. Документарниот филм “Daft Punk Unchained” носи ретки архивски снимки и ексклузивни интервјуа со најблиските колеги на бендот кои своевремено имале можност да соработуваат со Дафт Панк, меѓу нив се издвојуваат Фарел Вилијамс, Џорџо Мородер, Нил Роџерс и Мајкл Гондри.
Посетено 276 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!