Поспаност

-Тато, таооо РАЗБУДИ СЕ
-што е?..што се случило?
-зошто авионов лета наопаку?
-Како тоа наопаку?
-па секогаш облаците ни се над глава
а сега се под!!!
-Па лета над нив.
-Аха, добро…. а од кај знае пилотот
каде е Скопје кога не се гледа од облаци?
-Има едни чичковци на аеродром и дуваат
во нив да ги избркаат и така пилотот знае
кога е над Скопје,,ај сега ОСТАВИ МЕ да поспијам.
-И кога ќе стигнеме дома?
-Кога ќе се закочи авионот и ќе ни отворат вртата
-А ако закочи тука на небо како ќе се симнеме?
-Ќе ни дадат падобрани и ќе скокаме
ама сега стварно ОСТАВИ МЕ да поспијам
-Добро тато
-Тато РАЗБУДИ СЕ го поминавме Скопје
а пилотот не закочи.
-Од кај знаеш?
-Го видов крстот на Водно
-можда отишол пилотот до Велес да си купи пастрмајлија
па ќе се врати
-е не е фер, како да не знае декам ми се брза,
може да го убијам, може, може, може?
-не може, него подобро сокри се некаде
зошто ако те слушне
ќе те фрли низ прозор.
-ејј стварно, толку е лош?
-Најлош …и ОСТАВИ МЕ да спијам.
-Добро тато, сега ќе се се сокријам
Ми буди стјуардесата:
-Извинете господине детево што седеше до вас ви е син?
-Да, зошто, некоја беља направил?
-Па не, ама се сокрил во шољата во ВЦ, што да правам?
-пуштите вода ако не ви е тешко, мене ме мрзи
да станам, нешто ЕПТЕН поспан сум
-Добро, како ќе кажете.
……………………………………….
Поминувам царина и жена ми одма се стрчува,
ме гушка па и текна да праша:
-а Марко каде е, не го гледам?
-кој Марко?
-како кој, па нашиот син?
-ааа тој, остана во Цирих, ќе се жени
-како ќе се жени?..па нема ни 8 години
-а што е битно, и онака нема да го видиш више
ама што ти е гајле, друго дете ќе направиме,
него дај побрзо да стигнеме дома, ЕПТЕН ми се спие
…………………………………………………..
Се заебав изгледа, кој ќе прави ново дете,
таман ова го научив да ми ја пере колата
и да мења батерија во даљинското
ама тоа е, стално грешам кога сум поспан.
Ај памет за друг пат.
ps иснпирирано од легендарната песна
„ се запали циганска колиба“

Посетено 638 пати