Полнети печени компири

Polnet-pechen-kompir
Компирите обично се еден од додатоците или прилозите во главните јадења, но тоа не мора секогаш да биде случај. Има специјалитети, како на пример овој, во кои компирот одлично се снаоѓа и во улогата на главно јадење.
Состојки:
Компир – 400 гр.
Сланина – 50 гр.
Праз – 50 гр.
Зачински билки – По вкус
Кајмак – 70 гр.
Масло – По вкус
Инструкции:
Чекор 1:
Компирот ставете го во сад за печење и премачкајте го со масло. Ставете го да се пече во загреана рерна половина час на 200 степени.
Чекор 2:
На масло пропржете исечкан праз и сланина. Печениот компир оставете го 5 минути да се излади и потоа исечете го на пола по должина. Во средината издлабете, а делот кој ќе го издлабите од компирот ставете го во посебен сад во кој потоа ќе додадете лажица кајмак, ќе зачините и добро ќе промешате. На крајот додајте ги пропржените сланина и праз.
Чекор 3:
Со подготвениот фил наполнете ги издлабените половинки и вратете ги во рерна на уште пет минути. На топлите компири ставете го остатокот од кајмакот и зелениот дел од празот.
По желба во филот можете да додадете и печурки и да изрендате кашкавал врз компирите.
Посетено 869 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!