Почина Фидел Кастро

 Почина во деведесетата година од животот
Preminuo je Fidel Castro

Кубанскиот револуционер кој го одбележа 20. век, а
на многумина им беше трн во око…
Фидел Кастро, поранешен претседател на Куба и лидер на Комунистичката револуција, почина во деведесетата година од животот, јави државната телевизија во Куба. Кубанскиот револуционер, кој изгради комунистичка држава на прагот на САД и пет децении се спротивставуваше на моќниот сосед, во последниве години беше во лоша здравствена состојба. Тешко се разболе  во 2006 година, а власта ја предаде две години подоцна на неговиот брат Раул Кастро, кој ја објави веста за неговата смрт: Врховен командант на кубанската револуција, почина вечерва во 22:29 часот.
Фидел Кастро беше комунистичка икона на 20-от век, а историјата ќе го запамети како лидер кој речиси половина век беше трн во око на големиот американски брат од северот. Тој беше државник кој беше сакан и омразен, му се восхитуваа или стравуваа. Последниот јавен настап го имаше во април на конгресот на Комунистичката партија на Куба. Следните неколку дена ќе бидат прогласен за ден на жалост.
Посетено 832 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!