Писмена по МАЌЕДОНСКИ…

pismena po makedonski_naslovna
Од сабаље станав, ги замив забите (заклучно со УМНИК-от), после се избањав, откако претходно го искључив бољерот и тргнав накај куња. Пошто не ми работеше релната, морав да го подгреам лебот на тос. Немаше друго за јадење, па морав да си направам еден сенгвич со кремишли.
Фино ми дојде, па веќе почнав да размислувам за ручекот. и смислив дека ќе правам спањак сос сос од патлиџани, пљус кисело млеко, ем тоа кравско, зашто од овчкото ми е лошо. И чај од Идеална Шипка Варена.
За тоа време, женами у купатило се тапираше, стави витлери, откако претходно јас го поправив фемот. А, фино и викав да си оди на флизер, таму ем ќе се пролепшаше, ем ќе се изнаслушаше аферици и трачеви.
Завршивне дома работа и тргнавне у гража да го земеме автомобилот, односно да се упатиме у грат. Ќе идевме у шопинг, да купиме некоја мајца, комбилизон, фармерска јакна и нешто друго за по дома, наводно имало попус.
Се договаравме да купуваме ламинант, буков пархет, лабаво, да ѕирнеме некој плахар и енкордишен, а на мене (одозгора) ме болеше главата од претходната вечер, поточно од крвта во алхохолот.
Замалку ќе добиев гангрена, толку ме болеше, шо да ви кажам, прединфраксно стање. Морав хитно да купам некој шуруп.
Завршивне брзо со покуповките, ги земавме децата од школо и решивме да одиме на базент у населба Карпуш. Фино си поминавме, се освеживме, и онака избањати, решивме да го баталиме спањакот и да си седнеме у екслузивен ресторант.
Пошто бевне дроги од шопингот и од базентот, женскиве се освежија со лимунада, а ја си порачав аператив.

Се договоривме да јадеме хеминдекс со сланина, кременадли, мартадела и шумка, ама и анафора како прилог. За десерт порачавме бисвит торта, со прелив од гројзе, изгледа од некое фино лојзе. Можда дури и од Дорјан да беше.
И, си тргнавме по патот, а на радиоа кажава дека нашата служба за разузнување изгледа нешто ново разузнула за војната во Ирак. Го спомнаа и прецедателот, потпаролот, како и нимните служби поврзани со УМНИК.
Се сами лоши вести, полни со пулитика, насилство, криминал, а ударната вест беше поврзана за клиниката за геникологија, односно за давање на некои незаконски степендии. Како тоа екслузивно и траорно беше прераскажано од водителот, за чии гласовни могуќности и перфоманси, немам збор.
Почнуваше виќенд, во Скопје беше страшно топло, па почнавме да размислуваме за некој ден у Грчка. Ама, све тоа пропадна, зашто пашапортите не ни беа продолжени.
Во тој момент, во ретревизорот здогледав едни мои пријатели што имаат викендица у Соње, па застанаваме на третоарот, се договоривме и откако поминавме у Веро да купиме чиколада за децата, правец селото.
И, си викам, а бе дечки, стварно ли беше морално да се најдеме тука, во градот веќе не се издржуваше од вруќина.
Си пиевме висќи Балантајм, па кафе експресо, а откако се потсвирнавме малку у главите, се напивме по една чаша шампанско Дон Перињон и почнавме со неморални муабети, ние мажите.
Фино беше се, кога одеднаш на децава им текна дека утре имале писмена работа по маќедонски јазик.
Ама, нема проглем, едно два саата им објаснував за македонскиот правопис и за интерпукциски знаци и знам утре ќе добијат петки ко врата.
Умни се децава, викаат на татко им биле.

Посетено 17.474 пати

Сашо Христовски

Сашо Христовски

Сашо Христовски