Пасош бугарски
Од богатата ризница на Кирил Стоименов
[fblike]
Вика ми:
Веќе не се дрогирам
Мора малку да апстинирам
За пасош бугарски да аплицирам
Од срањето тука ќе се предозирам
Поарно ми е у Италија на ниви
Неголи тука на седативи
Градови празни, денови сиви
И на телевизија коњи барливи
Реф:
Ајде дојди сега бејбе
Кај мене ти
За тука не ти треба
Пасош бугарски
Ајде дојди вечер бејбе
Ќе те чекам ја
Да аплицираме за виза
На Месечината
Вика ми:
Стварно сум анксиозна
Џабе медитирам на Обозна
Свашта ме прават понервозна
Почна и травата да ми е грозна
Поарно у Лондон касиерка
Неголи тука менаџерка
Сиромаштијата ме тера на серка
Сама на себе си закажувам ферка
Реф:
Ајде дојди сега бејбе
Кај мене ти
За тука не ти треба
Пасош бугарски
Ајде дојди вечер бејбе
Ќе те чекам ја
Да аплицираме за виза
На Месечината