Паралелни универзуми

paralelni-univerzumi[fblike]
– Што си мисли човекот кој се реди прв пред сите останати кои стрпливо чекаат на ред во банка? Дека само тој има на кратко нешто да праша, а ти немаш?
– Што си мисли човекот кој без срам влегува кај лекарот во амбуланта со детето во раце, откако сите останати прашале кој е последен и седнале во чекална? Дека неговото дете има поголема температура од твоето и дека тој повеќе се грижи за него, отколку ти за твоето?
– Што си мисли човекот кој во маркет се мести да плати пред сите зошто имал да плати само еден производ, а многу се брзал? Дека неговото време е поважно и побрзо тече од твоето?
– Што си мисли човекот кој те удира со лактови на влез во автобус за да се протне пред тебе? Дека само тој има право да седне зошто е поуморен и неговите нозе повеќе го болат, отколку твоите тебе?
– Што си мисли човекот кој со врска влегува во твој термин во болница? Дека само нему му е итно бидејќи тој е поболен од тебе и неговата болест е поопасна од твојата?
– Што си мисли човекот кој те турка за да влезе во кино салата пред тебе? Дека ќе го пропушти цел филм ако влезе последен или ќе добие подобар поглед на платното од тебе?
– Што си мисли човекот кој ќе те потепа за да ти ги земе поубавите банани во пиљара пред ти да ги допреш? Дека ги зема последните банани што се изродиле на планетава Земја пред утрешниот крај на светот, зошто тој има поголемо право да преживее од тебе?
Мисли ли овој човек воопшто нешто за другите луѓе околу него, или во неговиот универзум само тој постои? А сега замислете колку такви паралелни универзума со по еден жител егзистираат во оваа наша мала Македонија и ете го одговорот на прашањето зошто во земјава тешко ни оди коегзистенцијата!

[button color=”#000″ background=”#fff” size=”large” src=”http://majkatiitatkoti.com/prikaski-za-mali-deca/kalina-kosi-page/”]Можеби ќе ве интересира повеќе од истиот автор[/button]

Alfa-GooolemNovogodisenPopust-2017-11-16-1180x90

Посетено 1.306 пати