Откриј Ја Музиката Со “Roksan” и “Monitor Audio”

[fblike]Tимот од Алфа Аудио реши да издвои три компоненти од нашиот богат асортиман на HI-FI опрема и да создаде комплетен промотивен пакет кој ќе има задача да го задоволи и најистенчениот и профилиран аудиофилски вкус, но тоа да тоа не биде привилегија само на луѓето со длабок џеб. Нашата цел е помалку или повеќе да допреме до Вас креирајќи пакет од производи кој би бил достапен за секого, но со акцент ставен на квалитетот на понудената опрема.
Верувајте, не беше нималку лесно затоа што денеска и птиците знаат дека она што има вредност од аспект на изработка, скапи и грижливо одбрани материјали, онаму каде што имало потреба од огромно знаење, инженерство, искуство, тоа едноставно не може да биде евтино. Затоа ние го искористивме нашето искуство и знаење, со единствена цел да ги доближиме до Вас префинетите аудио достигнувања и технологии и несебично заеднички да уживаме.
Всушност, станува збор за две престижни англиски компании кои својата ароганција и сензибилитет во работата изградена врз долгогодишно искуство ја преточиле во извонредни аудио компоненти.
ROKSAN и MONITOR AUDIO ќе бидат главните претставници во оваа аудиофилска приказна преку која ќе пробаме допреме до Вас.
Дури и благите познавачи на аудио светот знаат дека ROKSAN Kandy K2 Integrated Amplifier и ROKSAN Kandy K2 CD Player како аудио компоненти и звучниците Monitor Audio RX6 се производи од исклучително квалитетни брендови.

RoksanPaket

K2 Integrated Amplifier од Roksan е засилувач кој својата стабилност и динамичност ја покажува низ целиот опсег, како кај нискиот режим на работа така и при работа со полна сила, при што веднаш се наметнува можноста истиот да се користи како засилувач за различен тип на музика. Одличен е и кај онаа која се изведува на живи инструменти, но и кај музиката во која преовладуваат синтетички звуци.

roksanK2_front

Слушањето џез или класична музика на овој уред претставува искуство кое само би го посакале, исто како и електронските звуци на Jean Michel Jarre“ кои лесно, дури и ненаметливо ќе го исполнат просторот пренесувајќи Ве на некое друго место на имагинација.
За ова да биде комплетно потребен е и извор на звук, а нашиот избор е K2 CD Player од Roksan кој со својата природност и точна динамика блиска на онаа аналогната, нежно и суптилно ќе презентира сè што е запишано на дискот, притоа мислејќи дека всушност слушаме некоја LP плоча.

roksanK2_cdFront

А сега, нашиот избор на аудио компоненти има потреба од вистинските звучници за презентирање на овој деликатен звук. Тоа е Monitor Audio RX6 серијата на звучници, кои ќе го исполнат секое ќоше од просторот со ненаметлив и нежен звук кој во исто време поседува и динамика и агресивност, точно презентирајќи го целоиот опсег од фреквенции за Ваше уникатно задоволство.

rx6_blackoak

Овој извонреден и грижливо одбран систем претставува аудиофилска селекција за која говорат многу еминентни компании и часописи од светот на HI-FI, со зборови не помалку скромни од оние напишани тука.
Но нашата првенствена идеа беше да ги задоволиме сите сетила во Вашиот ум! Тоа едноставно нема да биде така доколку оваа екслузивна понуда нема екслузивна цена! Така, на сечие задоволство Ви презентираме:
  • Roksan Kandy K2 Integrated Amplifier (засилувач)
  • Roksan Kandy K2 CD Player (ЦД плеер)
  • Monitor Audio Silver RX6 (пар звучници)
AlfaLogoBanner1180x90_noeffects

Систем од соништата кој во нашиот салон може да се набави за 174.000.00 денари, но сега и екслузивно за веб презентацијата на МАЈКА ТИ и ТАТКО ТИ велиме вака: „Нека сонот стане јаве и истиот тој биде ваш за само 130.000.00 ден.“

Пакетот се продава по оваа цена само во комплет и со специјална напомена: ”Цело е кога има сè!”
За подетални информации дојдете и посетете нè во нашиот продажен салон во стариот трговски центар Капиштец на спрат, или на нашиот веб сајт www.alfaaudio.com.mk
Посетено 388 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!