Откриена причината за „експлодирачките“ Samsung Galaxy Note 7 смартфони

[fblike]

Најголемото фијаско во историјата на смартфоните не беше предизвикано од лош хардвер или софтвер, туку расипани батерии од два различни производители, официјално соопштија од Самсунг
.samsung-galaxy-note-7
На прес-конференција во Сеул, компанијата објасни дека пожарите на Galaxy Note 7 смартфоните биле предизвикани од неправилни компоненти на батериите.
Дефектите вклучувале неправилно заварување и недостаток на изолација, а како резултат смартфоните се опожарувале и експлодирале, а компанијата била во загуба околу 5,3 милијарди долари.
„Лекцијата од овие инциденти е научена и Samsung Electronics напорно ќе работи повторно да ја врати довербата на потрошувачите“, изјавил шефот Кох Донг Џинг.
За да ја потврди причината за пожарите, 700 истражувачи од компанијата тестирале повеќе од 200 илјади смартфони и 30 илјади батерии.
Вратени биле 96% од 3-те милиони Note 7 смартфони што биле продадени, а сè уште не е јасно дали нивните делови повторно ќе бидат користени.
Останува да видиме дали новиот Galaxy S8 чие деби е најавено за април, ќе има слични проблеми.
Посетено 326 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!

JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable Episode 39 at KissAnime kissanime bleach

Bloom Into You Episode 13 at website https://animeflix.nl hunter x hunter animeflix