Ново место во Белград, каде што се слушаат плочи од грамофон

Клуб книжарница Магистрала
magistrala2-majkatiitatkoti
Во срцето на Нов Белград, во Домот на култура “Студентски град”
оваа недела се отвори првата новобелградска книжарница,
продавница за плочи и стрипови   каде што навистина може
да уживаат сите љубители на гореспоменатото
Магистрала  е дизајнирана како место каде што младите, но исто така и оние кои така се чувствуваат, можат да дојдат и да се дружат, да прелистаат стрип или весник, купат книга, да гледаат филм, користат интернет и слушаат плочи по нивeн избор. А тоа денес е веќе реткост. Мултифункционално место каде што можете да уживате во сите овие задоволства.
Во вечерните часови книжарницата станува простор за разговори за книжевност и разни други теми во рамките на програмата на Домот на културата “Студентски град”, а од време на време Магистрала ќе служи како изложбен простор и кино сала каде што ќе може да гледате квалитетен филмо. За ретро дизајнот на Магисрала задолжен се Јелена Косовац Савиќ и Јован Граховац Сујиќ додека муралот на ѕидот е дело на street art уметникот Artez . Клуб книжарницата Магистрала се наоѓа на Булеварот Зоран Зоран Ѓинѓиќ 179, а доколку се најдете во Белград појдете до кај нив и барем пуштете си ја  најдрагата песна на грамофон.

magistrala1_majkatiitatkotimagistrala3_majkatiitatkoti magistrala4_majkatiitatkoti magistrala5_majkatiitatkotimagistrala8_majkatiitatkoti magistrala9_majkatiitatkoti

Посетено 785 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!