Невидена тапа сум за муабет правење

tekili na sank_majkatiitatkoti
[fblike]
Конечно доаѓа, седнува до мене на шанк:
-Извини што каснам
-нема гајле, него добра си?…нешто бледа ми изгледаш
-сум- кратко ми одговори
-а да идеш деновиве на доктор да те провери?
-ништо не ми е, само сум уморна
а и не ми се разговара за болести
-имаш право, него да не гледаше вести?
-Не, зошто?
-хаха да знаеш каков гаф направи оној пратеникот
-Немој за политика те молам
-ок, за што сакаш да збориме?
-што сакаш
-добро, за екологија
-еј немој екологија, нема во кафич да збориме за садење дрва
-па не е само тоа екологија
-заеби, смисли нешто друго
-а што па мора да имаме теми, ај нешто спонтано ќе си збориме
-со тебе да зборам за абортус, ти нормален си?
-не мислев на спонтан абортус него… нема врска,
ај на пример за економија
-де бе, во 10 навечер ли за економија?
-е па нешто гоблени, таква работа, тоа ми е омилена тема
-хах ја на баба ти личам?
-не..а за фудбал?
-абе ајде, не можеш со женско да збориш за фудбал
-ми текна, за мода?
-а што, не сум модерна демек?
-си, баш затоа си мислев….
-ај мењај тема, ти со мене за мода?!
-а за коли?
-па што знам?
-уствари батали, не се разбирам во коли..а музика?
-е што музика, музика ко музика, сите песни се исти
-филозофија?
-немој тоа, бившиот тоа студираше главата ми ја пукна
-можеме вицови да си кажуваме
-не ми се уопште смешни
После 2 саати и безброј неприфатени теми
-не ми текнува више ниедна тема
-леле ама си тапа, да знаев дека си овака досаден
немаше да дојдам
-ејјј, се сетив, би можеле за секс
-Секс?…значи сите машки сте исти,
само на ебење мислите…гаду еден перверзен
Ми врза убав, гласен шамар и си отиде.
-Има некој проблем?- ме прашува шанкерот
-Не, само дај ми 10 текили и ништо не ме прашувај те молам

lucky

Посетено 2.380 пати