Нема Да Има Селфија На “Met Gala”
[fblike]Забранети се друштвените мрежи
Познатите личности ќе мора да ги “баталат” своите паметни телефони
за време на овогодинешниот настан “Met Gala”
Ако сте во потрага и очекувате да ги разгледате Инстаграм профилите на познатите личности за време на вечерашниот Оскар на модата во Њујорк, вашиот ентузијазам одеднаш ќе спласне. Секторот за односи со јавноста на Музејот Метрополитен испрати известување до гостите дека фотографирање и користење на социјални мрежи оваа година е најстрого забрането. Според пишувањето на трачерскиот сајт Page Six, Vogue ќе снима документарен филм за овогодинешната гала вечера и на тој начин сака да го спречи истекувањето информации и делови од ексклузивните моменти. Не знаеме како оваа забрана ќе ја поднесе селфи-кралицата Ким Кардашиан, која за време на нејзината прва посета на гала настанот во Метрополитен, фотографираше секој момент во тек на вечерта од почеток до крај.
Посетено 307 пати