„Најдобриот диџеј на светот“ во јуни во Скопје
[fblike]
Младиот и талентиран диџеј и продуцент, Мартин Гарикс, кој лани ја доби ласкавата титула „Најдобар диџеј на светот“ врз основа на повеќе од милион гласови во анкетата на „Диџеј магазин“, во јуни доаѓа во Скопје. Гарикс, познат по хитовите Animals и In the name of love, има само 20 години, но со музика се занимава од својата осма година, кога го видел настапот на Тиесто на отворањето на Олимписките игри во Атина.
Оваа глобална ѕвезда во моментов, за прв пат доаѓа во регионов и тоа како хедлајнер на фестивалот „Скопје колинг 2017“. Скопје ќе биде домaќин на човекот којшто не е само најголема диџеј ѕвезда во светот во моментов, туку е и ултимативен глобален суперстар на целата планета. Настапот на Гарикс ќе се одржи на 23 јуни на ребрендираниот стадион „Филип Втори“.
Иако има само 20 години, тој е неизоставен дел на сите големи фестивалски сцени во светот.
Посетено 323 пати