Најдобри музички спотови во 2016 година за љубителите на архитектурата

glasshouse-pocetna_majkatiitatkoti
Сјајни музички спотови со импресивна архитектура и
ефективни екстериери
Музичките видеа кои имавме можност да ги погледнеме во 2016 година, покрај својата визуелна естетика , успеаа да не изненадат со и нивните неверојатни архитектонски објекти кои често беа вклучени во нив, како и необичните и интересни локации односно екстериериери. Подолу се 8 врвени  видео клипови кои дефинитивно треба да погледнете доколку сте љубители на архитектурата …
1. Braids – “Companion”

Спотот на канадскиот бенд Braids е снимен на локацијата наречена Desert House, додека фронтменката се шета низ собите и и буквално се следи себеси. Станува збор за куќа што била изграден во 2005 година со поглед на San Jacinto во Калифорнија.
2. Julianna Barwick – “Nebula”

Во видео спотот на уметницата и музичарката Julianna Barwick за песната “Nebula” главниот збор го води т.н  Glass House, која била изградена во 1949 година во Конектикат и е сјаен приказ на минимализмот во архитектурата.
3. Jamie XX – “Gosh”

Иако локацијата потсетува на Париз, не се наоѓа во Франција, режисерот Roman Gavras  спотот за песната “Gosh”, го сними во Tianducheng, предградието на градот Hangzhou, кој е инаку познат како Париз во Кина.
4. Solange – “Cranes in the Sky”

Сите го имаат забележано необичниот објект во спотот “Cranes in the Sky”  на пејачката Solange. Станува збор за Robert Bruno Steel House, градба која наликув  на некаков свемирски брод, а се наоѓа во Тексас во САД.
5. Róisín Murphy – “Ten Miles High”

Róisín Murphy случувањето за својот спот за песната “Ten Miles High” го смести во лондонското подземје, имено во самото метро. Во една прилика изјави дека покрај музиката, архитектурата е нејзина голема љубов.
6. Massive Attack – “Voodoo In My Blood”

Уште едно видео снимено во амбиентот на ефектното лондонско подземје на таканаречената локација Joe Strummer Subway,  а самото видео дефинитивно го надополнува и сјајната актерка Rosamund Pike.
7. Radiohead – “Daydreaming”

Paul Thomas Anderson во видео спотот на Radiohead за песната “Daydreaming” го прошета фронтменот низ секојдневни простории како што се болници, кујни, училишта …
8. Beyoncé – “Lemonade”

2016.беше во знакот на дивата Beyoncé,  а нејзината мега успешна песна “Formation” доби високо ефективно видео кое беше снимано на локациите Њу Орлеанс и Луизијана, и се состои од добро познатата куќа “Madewood Plantation”  која е дело на архитектот  Henry Howard.

baner-igor-forza

Посетено 319 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!