На Преображение се случуваат промени – кој преку лето поцрнел, почнува да белее

pocrneta pobelena
Со сета почит кон верниците, ама не одолеав по повод денешниов празник Преображение да ги искоментирам будалаштиниве што ги прочитав. Вели:
– „На Преображение се случуваат промени – кој преку лето поцрнел, почнува да белее.“ Демек тој што се сунчал на плажа во Пефкохори или Ханиоти? А какви промени се случуваат кај тие што не биле на одмор?
– „На Преображение и небото во глува доба три пати се преобразува. Кој тоа го види и на друг му каже, се верувало дека ќе го изгуби паметот.“ Да ми е да знам само како тоа небото во глуво доба се преобразува, па уште не еднаш, не два пати, туку три пати?
– „На Преображение не е убаво преку ден да се спие, бидејќи кој тој ден поспие, ќе се преобрази, па цела година ќе биде дремлив и поспан.“ Откако го прочитав ова, си отспав попладнево и тоа баш убаво. Ионака сум тешка на спиење, си реков ај белким ќе се преобразам, па цела година убаво ќе си спијам.
– „Не е добро на овој ден да се плаче, ниту луѓето цел ден да го поминат во кафеана за да не им помине во навика и да не станат безделничари и расипикуќи.“ Тешко на Македонија, на враќање од работа кафаните и рестораните беа полни… со идни безделничари и расипикуќи.
– „На Преображение било обичај жените и девојките да станат пред сонце и малку да поработат од секоја женска работа, бидејќи се верувало дека Бог ќе ги преобрази да бидат вредни.“ И ја така, станав сабајле во 4, и од секоја женска работа поработев по малку, исправ еден чорап, испеглав една маица, измив една шоља, сварив едно јајце… Оти многу се засекирав право да ви кажам, да не случајно не бидам вредна и не рнтачам по куќа цела година!
Сериозно, зар сеуште има луѓе кои се придржуваат до овие народни верувања?  

rimmel-baner-dolg

Посетено 1.157 пати