На гости…некаде и кај нас

dinner big family[fblike]
На гости некаде  
Се најавуваш во 8. Доаѓаш во 8. Седиш 1 саат. Јадеш и пиеш минимално и пристојно. Кога најавуваш „Ќе си одам“, никој не ти вика и не те влече за рака „Ама зошто, рано е, поседете уште малку, треба да одите негде, не, епа кај се брзате?!“. Си заминуваш тивко и културно со едно кратко „Благодарам и догледање“.
На гости кај нас
Се најавуваш во 8. Доаѓаш во 9. Се тупосуваш без усул минимум 3 саати (ако останеш помалку, не ти се рачуна, убеден си дека ќе го навредиш домаќинот ако си отидеш порано). Пред да тргнеш на гости не вечераш, ако си во можност и ручекот го прескокнуваш, за да бидеш мртов гладен кога ќе дојдеш и да можеш да се најадеш и напиеш до тупанисување. Неволно си заминуваш плус уште 1 саат, прво пола саат раскажуваш анегдота што ти текнала баш на одење во ходник, па уште пола саат муабети пред врата, зурли и тапани, од оние со кои гарант го будиш цел комшулук во 1 сабајле. И што е најчудно, домаќинот, кого само што си го изгњавил до изнемоштеност, си му ја упропастил цела вечер и едвај чека да си одиш, те испраќа со зборовите „Да дојдете пак, ова доаѓање не ви се рачуна, ич не поседовте!“ И сето тоа беспрекорно функционира. Само кај нас.

595х90 px-01

Посетено 16.711 пати