На денешен ден станав БЕБЕ
Само што се родив ми дојде да викнам:
„а бе докторе, пушти парново појако
или врати ме назад, скроз измрзнав,
па крај на ноември е, имај милост, имаш ли ти деца?“
Ама си преќутев пошто уште не знаев да зборам
а тогаш мајка ми ме гушна, ме стопли
и додека паѓав во првиот сон си помислив:
„леле едвај чекам да пораснам,
да почнам да пијам и пушам ,
женски да бркам и бељи да правам
а до тогаш…до тогаш ќе јадам чоколада,
па да, баш убаво ми текна, осеќам La vita ќе биде bella“
[button color=”#000″ background=”#fff” size=”large” src=”http://majkatiitatkoti.com/prikaski-za-mali-deca/zoki-panker/”]Можеби ќе ве интересира повеќе од истиот автор[/button]
Посетено 982 пати