Мувата што се плаши да лета

.
Мува ми лази по паркет.
Саат, два… никако да летне.
Легнав покрај неа а она од страв се здрви
„не се плаши муво, нема да те убијам
само ме интересира зошто не леташ,
еве со саати се вртиш пешки во круг„
„срам ми е да ти кажам“
„де ма, на никој нема да кажам“
„се плашам од височина, затоа не летам“
„хаха ај не ме заебавај, кажи стварно“
„ама искрена, сум, се плашам да летам“
„ти си светско чудо да знаеш..како да ти помогнам“
„никако, не постои психолог за муви“
„да, ама знаеш што,.јас ќе се јавам кај една пријателка
психолог и ќе кажам демек мене ми е страв“
„ај пробај, ќе ме спасиш“
………………………………………………..
„здраво Андријана, имам еден проблем,
страв ми е од височина, страв ми е да летам“
„па иди со кола, воз..“
„ама не разбираш. Имам крила ама страв ми е да полетам“
„ти имаш крила?“
„да, убави сивкасти полупроѕирни“
„Зоки на што дрога си?“
„на ништо, стварно имам крила“
„а да дојдеш кај мене во ординација да направиме муабет
и да ги видам крилата“
„еве одма доаѓам“
„знаеш што муво, ќе ми ги позајмиш крилата да отидам
кај докторката и да видам што ќе ми каже“
И така ги откачи мувата крилата и ми ги закачи на грб
е ете ме за 15 мин кај психологот
„еве гледаш дека имам крила на грбот“ – и’ викам
„каде ..еј стварно… готово немаш више“
„како немам?“
„ти ги извадив и ги фрлив, сега пак си нормален човек“
„ама и претходно бев нормален човек само што имав крила,
голема работа, ништо не ми фалеше“
„е па сега пошто немаш крила ќе ти исчезне потребата
за летање па и стравот да леташ“

krilja na muva_majkatiitatkoti

Офф готово, како ќе и’ се појавам на мувата сега пред очи
Ај ќе се снајдам некако
Се враќам дома, легнувам до мувата
„види што сум ти купил“ – и’ давам едно пакетче
Го отвара..„еј патики си ми купил, баш ти фала
а крилата кај ми се?“
„пааа, како да ти кажам, нема никогаш више да леташ
ти ги нема крилата ама патиките се супер за пешачење“
„ама сакам крила, сакам да летам“- почна да плаче
„добро не плачи, ќе ти направам некакви“
И направив, од жица и свила некако ги склепав
И’ ги закачив на грб, и’ дадов огледало да се види
„леле фала ти, ги имам најубавите крила на свет“
-па од радост почна да мафта со нив и ПОЛЕТА
„еј па можам и да летам и не ми е више страв,
фала ти уште еднаш .. ќе идам малку да летам низ маало
и ќе се вратам“ – ме погали по нос и одлета
Никогаш не се врати
Посетено 521 пати