Маестро

maestro-pocetna_majkatiitatkoti

Денес татко ми Џамбаз полни 80 години.
Долго време се мислев што да напишам во таа чест, па ми текна дека тоа веќе сум го напишал. Само треба да го препишам од мојата последна книга “Облечен човек“, во која првата приказна му е посветена токму нему.

За него треба да се напише книга, а не расказ како овој. За него треба да се сними филм, ама тоа во некое друго време и на некое понормално место. А треба. Затоа што е маестро. И мој машки родител. И генијалец. Татко ми Џамбаз цел живот се жали дека никогаш не бил свој. Секогаш бил во нечија сенка. Се разбира дека тоа не е така. И секогаш знаеше да каже:

“Прво бев сопруг на Анче, па зет на Петре Прличко, а сега сум татко на Игор. А јас? Па што сум тогаш јас?“

Ти си маестро, маестро мој.

Среќен 80-ти роденден!

Посетено 26.127 пати