Лопов си е лопов!

Ќе ми каже некој поупатен, како е можно секое второ одење на пазар Македонецот да ме украде, Албанецот да ми стави банана или портокал плус? Македонецот да ми вика „Земи свежи се мандарините“, а тие суви барут, а Албанецот „Најискрено, не се баш“? Како е можно кај Македонецот да не смеам ништо да пипнам, сама да си изберам, оти тој ги редел, да не му ги разместам компирите, па уште и да ми се развика „Ама сега пази, види што ми направи, не иде тоа така, замисли секој вака ако пребира?!“ а Албанецот да ми вика „Избери си слободно, еве ти кеса?“ Како е можно во кесата што ми ја полни Македонецот стално да наоѓам по некое скапано јаболко, а кај Албанецот скоро никогаш, дури и на одење да ми вика „Ако не се добри, врати ми ги, ќе ти ги вратам парите“?

Спанаќ купив прееска, кило божем, го мерам – 800 грама! Мочани 200 грама ми украл! Чик погоди кој? Македонецот! Чудо големо, ќе преживеам! Ама тој? Ќе се збогати? Како спие мирно човекот не ми е јасно? И не ме убедувајте дека и кај едните и кај другите има и вакви и такви, и чесни и нечесни, зошто не ми е прв пат, и не заклучувам од еднаш, од денес, од вчера, за тенденција зборам, врз основа на фрекфенција на однесувања која ми дава за право да генерализирам! Откако знам за себе, најчесто така е. Демантирајте ме ако не е.

Сега ќе почнат „Види ја, продадена душа, Македонка, против своите збори, Албанците ги фали?“ Не се секирајте, ќе има прилика и за нивната нечесност да зборам, ако не на пазар, на некое друго место, небитно. Ама ќе зборам, зошто баш ми е гајле дал некој бил Македонец или Албанец! Лопов си е лопов!

 

Посетено 8.888 пати