Ќути, трај до први мај

Колку си попаметен, толку повеќе молчиш и чекаш, викаат ќути, трај до први мај, седми јули, десетти септември, 2374 година итн…
kuti-traj-do-prvi-maj-1

[fblike]

Сите имаат некој краен рок до кој чекаат за да би направиле се што сакаат, но најчесто тој краен рок никогаш нема крај, секогаш се продолжува, се продолжува се додека не се заборави.
Луѓето едноставно забораваат да живеат, чекајќи го вистинскиот момент за да го направат тоа, не знаејќи дека секој момент е вистински само доколку ти го зграпчиш и го направиш вистински.
Доколку и вие сте едни од овие луѓе кои секогаш чекаат нешто, но никако да го дочекаат, имаат соништа кои останале само соништа или сакаат да направат нешто, но немаат храброст, време е да го направите првиот чекор кон мајот.
Добро слушнавте, не мора да чекате краен рок за да направите нешто, денешниот ден направете го краен рок, оној судниот и превземете иницијатива.
Онаа глупост што ви доаѓа на памет и ви го полни срцето која може да ја направите денес, не оставајте ја за утре.
Сакате да скокате со падобран, скокајте!
Сакате да заминете на патување, заминете!
Сакате да му кажете на некој дека ви недостига, побарајте го веднаш!
Сакате да ставите крај на некоја врска без разлика дали се работи за љубовна, семејна или пријателска, ставете точка и не претворајте ја во запирка повеќе.
Сакате да го кажете вашето мислење, повишете го гласот дури и да ви трепери, едноставно изјаснете се, тоа е ваше право кое никој нема право да ви го одземе.
Сакате да се одморите, земете сами слободен ден од работа со изговор дека сте болни.
Сакате да им кажете се во лице на оние кои тоа го заслужуваат, дајте им го заслуженото денес!
Сакате да заминете на излет со семејството, заминете уште денес без да чекате да дојде први мај.
Сакате да живеете, престанете да умирате и живејте го секој момент како последен, но не чекајте повеќе, бидејќи чекате нешто што никогаш нема да се појави се додека не ги отворите очите и да видите дека веќе е во ваши раце.
Доволно е само да го стиснете и да не го испуштате повеќе, стиснете го моментот и истото правете го секој ден со секој момент, до крајот на вашиот живот, но не чекајте повеќе!
Наместо ќути, трај до први мај, седми јули, десетти септември, 2374 година, викнете денес е денот кога моите 2 минути ќе траат бесконечно!
Посетено 3.313 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!