Куќата која го менува обликот

Лондонски архитекти од студиото dRMM дизајнираа зграда, која изгледа како
голема модерна штала, а за што станува збор, дознајте подолу…

sliding-house_pocetna

Невообичаена лизгачка куќа
Однадвор изгледа како една огромна штала со дрвена фасада со црвени детали, сепак, оваа зграда е интересен проект на лондонската архитектонска фирма dRMM кој крие навистина импресивни и необични карактеристики. За што станува збор?
Структурата на објектот се состои од три одделни згради: главната куќа, гаражата и гостинската куќа. Сопствениците сакаа да имаат една соба каде што ќе можат да одгледуваат храна, просторија за забава и можност да уживаат во околината. Зад иновативниот станбени проект “движечка куќа”, кој се наоѓа во живописен предел во близина на Suffolk, се крие технологија која вклучува моторот со кој надворешноста на куќата може да се помрднува, особено за да се лизга  напред или назад, за покривање или откривање на градбата.
sliding-house_01
Мобилниот елемент на куќата е долг 28 метри и тежи 50 тони, а способноста да се движи беше овозможена благодарение на шини кои се вградени во земјата преку кој лизга поединечен елемент. Целта на овој необичен дизајн е да им овозможи на корисниците саморегулација на светлината, поглед и создавање впечаток на безбедност.
Проектот беше реализиран во 2009 година и досега има освоено неколку престижни награди, вклучувајќи ја наградата Royal Institute of British Architects East Award, награда за “Најдобра новата зграда” и “Куќа на годината” кои ги доделува лондонскиот Grand Designs.

sliding-house_02

sliding-house_03

Посетено 887 пати

Мајка Ти и Татко Ти

Мајка Ти и Татко Ти

Следете не на Фејсбук!